IronKey Basic
Дизајниран за создавање сигурна околина во големи претпријатија
Прецизно дизајниран е за потребите на воените, државните и корпоративните мрежи. Едноставен е за конфигурација и користење.
IronKey Basic е темелна технолошка платформа за останатите IronKey производи кои користат напредни системи за авторизација за сигурно спремање на податоците.
Безбеден и ефектен
Никој нема да може да дојде до Вашите податоци кои се спремени со IronKey, доколку претходно не се потврди веродостојноста со правилна лозинка. Проверката на шифрата и лозинката се прави хардверски и не може да се оневозможи од страна на некоја штетна ("malware") програма или од страна на невнимателен корисник.
Лесен за ставање во функција/користење/поставување и одржување
За АјронКи не е потребна претходна инсталација на програми за управување (drivers) и работи дури и без администраторска дозвола на Windows 2000, Windows XP или Windows Vista оперативните системи.
IronKey Personal
Сигурно и приватно – сурфање по интернет
IronKey се однапред конфигурирани со персонална верзија на Firefox web прегледник. Сите податоци, додатоци (cookies) и историјата на сурфање се спремени локално на IronKey. Услугата Secure Sessions на IronKey ја штити Вашата приватност на интернет по пат на тројно шифрирање на сообраќајот на интернет и обезбедува безбедни DNS сервиси кои помагаат во заштитата за да не посетувате некои лажни веб сајтови…
IronKey Password Manager – Управувач за манипулирање со лозинки
IronKey Password Manager ги чува Вашите лозинки за он-лајн сметки на сигурно место од различни килогер (keylogger – кој пробива шифри) вируси и други он-лајн опасности.
Услуга за враќање на изгубени лозинки
Ако ја изгубите Вашата IronKey лозинка, IronKey нуди опционална он-лајн услуга за враќање на изгубената лозинка.
Криптографска идентификација
Секој IronKey е претконфигуриран и доаѓа со клиентски сертификат кој може да се користи за безбедна авторизација на страниците на претпријатието.
IronKey Enterprise
Always-On Data Encryption – Трајно вклучена функција за шифрирање на податоци
Сите кориснички податоци на IronKey се кодирани со брзи хардверски кодови со воени стандарди. За разлика од шифрите кои се базираат на софтвер, оваа постојана заштита не може да се исклучи и е заштитена од напади со груба сила.
Remote Administration and Policy Enforcement – Администрација/управување од далеку и доделување овластувања/права
Услугата за администрација за IronKey во претпријатието Ви овозможува едноставно да управувате на илјади IronKey направи и да ги дефинирате правата/овластувањата поврзани со одредени направи кои се наоѓаат во Вашата мрежа или надвор од неа.
Portable Identity Protection and Strong Authentication – Преносна заштита на идентитетот и прецизна проверка на автентичност
IronKey Enterprise направите во целост го поддржуваат public-key кодирањето (кодирање по пат на јавен клуч) кое овозможува сигурна администрација/управување од далечина.
Policy Enforcement and Provisioning – Спроведување на права/овластувања
Овластените IronKey администратори користат безбедно и интуитивно онлајн конфронтирање за дефинирање на безбедносните права за сопствените Enterprise USB flash мемориски направи.















