Трајно шифриран
IronKey криптографскиот чип (Cryptochip) ги шифрира сите Ваши податоци со AES шифрирање со воен стандард. Кодирањето не може да се исклучи или случајно оневозможи.
Самоуништување на сочувани податоци и на самата направа
Се уништува сам. Немојте да ја заборавите Вашата лозинка. После 10 неуспешни внесувања на лозинката Вашиот IronKey ќе се самоуништи. Направете си бек ап (сочувајте ја) Вашата лозинка на my.ironkey.com благовремено за да можете да ја повратите во случај да ја изгубите…
Заштита на идентитетот
Безбедно спремете ги, управувајте и направете бек ап на Вашите лозинки со IronKey Password Manager. Тој автоматски Ве логира на Вашата сметка поради заштита од килогер вирусите, фишинг нападите (кога некој испраќа мејл претставувајќи се лажно и бара Ваша лозинка или бр. на сметка) и останатите онлајн опасности.
Заштита на лозинката
Само Вие можете да го отклучите Вашиот АјронКи и да дојдете до Вашите датотеки. Никому не ја кажувајте Вашата лозинка – чувајте ја како тајна.
Анонимно сурфање
Сурфајте по интернет безбедно и приватно од речиси било кој компјутер со помош на брза ТОR мрежа (IronKey Secure Sessions услуга) и вграден Mozilla Firefox прегледник.
Кодирање по воени стандарди
IronKey безбедносната флеш направа се разликува од сите други USB стикови кои сте имале можност да ги видите. Вградениот криптографски флеш чип (Cryptochip) ги кодира Вашите податоци со алгоритми за кодирање кои се толку силни што дури ги користи и американското Министерство за одбрана за чување на осетливи податоци.
Лабораторија за намалување на криминалот
Составен е IronKey тим од истражувачи на безбедност и истражувачи на измами кои напорно работат за да бидат во тек со најновите техники на измама кои ги користат многубројни хакери и крадци на идентитет ширум светот. Затоа IronKey може да им овозможи и на своите клиенти највисоко ниво на заштита на податоците и на идентитетот.
Исто така IronKey соработува со здруженијата како што се Anti-Phishing Working Group (http://www.anitphishing.org) за да бидат запознаени со најновите случувања во кибернетскиот криминал.















